Соопштенија

Жална вест
in

Жална вест

Почивај во мир, почитуван професоре. Проф. д-р Владимир Михаилов е роден во 1939 година година во Белград. Дипломирал на Градежниот факултет во Скопје во 1963 година. Магистрирал во Институтот за…

Работен состанок на ИЗИИС и ЦУК
in

Работен состанок на ИЗИИС и ЦУК

Работен состанок во Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС) при УКИМ.Директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов со свои соработници денес имаше работен состанок со директорот…

Работна посета на општина Маврово и Ростуше
in ,

Работна посета на општина Маврово и Ростуше

Покрај извршениот увид за евентуални теренски нестабилности, состојба на патната инфраструктура и визуелниот преглед на браната Маврово, денеска преставници од ИЗИИС одржаа и работен состанок со градоначалникот на општина Маврово…

Јавна одбрана на магистерскиот труд на кандидатката Ивана Костиќ
in ,

Јавна одбрана на магистерскиот труд на кандидатката Ивана Костиќ

На ден 16.11.2020 година, понеделник, со почеток во 12 часот, ќе се одржи јавна одбрана по пат на видео-конференција, на магистерскиот труд на кандидатката Ивана Костиќ, дипл. град. инж., со…

Лабораториски испитувања со виртуелно присуство за прв пат по основањето на ИЗИИС во 1965 година
in ,

Лабораториски испитувања со виртуелно присуство за прв пат по основањето на ИЗИИС во 1965 година

По успешно реализираниот проект INMASPOL(INfills and MASonry Structures by Deformable POLyurethanes in Seismic Areas)во рамките на истражувачкиот проектSERA (Seismology and Earthquake Engineering Research Infrastructure Alliance for Europe), соработката помеѓу Техничкиот/Технолошкиот Универзитет во Краков – ТУК и Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија – ИЗИИС во Скопје продолжи понатаму.

Целта на преземените активности, односно дополнителните испитувања на моделот од проектот INMASPOL, по барање на ТУК беше да се продолжи со докажување на ефикасноста на иновативниот метод за сеизмичка заштита на конструкции. Овој пат, преку испитувања на модел од армирано бетонски елементи со исполна од ѕидарија во вистински размер со помош на методот на принудни вибрации. Со тоа што испитуваниот модел беше тргнат на страна од вибро платформата, ризикот беше значително намален и се создаде можност за негово тестирање и предизвикување на сериозни оштетувања. Заклучно со последните тестови, конструкцијата беше целосно уништена со оглед на тоа дека сите јазли ја изгубија својата носивост и конструкцијата се однесуваше како механизам. Исто така и кај преградните ѕидови, по губењето на носивоста на носивоста на композитните материјали, блок тулите поединечно независно се поместуваа една од друга.

За прв пат по формирањето на Институтот во 1965 година, а заради глобалната Ковид 19 криза, експерименталните активности успешно беа одржани преку виртуелно присуство на сите корисници. Виртуелното присуство беше овозможено преку три камери со висока резолуција и посебен линк за комуникација од софтверските алатки Тимс и Стрим на Микрософт Офис 365.

Во периодот што следи ќе се вршат детални анализи на резултатите од сеизмичките тестови на вибро платформа како и од испитувањата со помош не методот на принудни вибрации, со надеж за понатамошна плодна научна соработка.