Покрај извршениот увид за евентуални теренски нестабилности, состојба на патната инфраструктура и визуелниот преглед на браната Маврово, денеска преставници од ИЗИИС одржаа и работен состанок со градоначалникот на општина Маврово и Ростуше г-дин Медат Куртовски, со цел изразување на институционална поддршка за активности во подрачјата погодени од земјотресот, како и спремност за помош во обука и тренинг на општинските органи за справување во кризни состојби.