CADAC

Во 1982 година, во рамките на билатералната научна и технолошка соработка помеѓу владите на поранешна Југославија и Кралството Холандија, ИЗИИС го основа првиот меѓународен курс наменет за надградба на професионалното знаење на градежните инженери од земјите во развој, препознатлив низ целиот свет под скратеницата CADAC (Course on Aseismic Design and Construction –Курс за асеизмичко проектирање и градење). Овој курс беше подржан од Одделот за меѓународно образование при Министерството за надворешни работи на Кралството Холандија, Министерството за образование и наука на Република Македонија, ИЗИИС и Советот на Европа. За 26те години од своето постоење, беа обучени 520 учесници од 72 земји во развој од Латинска Америка, Азија, Африка и Европа. На овој начин, учесниците во програмата CADAC станаа дел од светската мрежа на мисионери, кои придонесуваат за зголемување на сеизмичката стабилност и развојот на своите земји. Денес, повеќето од нив се еминентни членови на академското општество, високопочитувани професионалци и национални авторитети, и амбасадори на ИЗИИС во светот. Канцеларијата на UNDP во Скопје го препозна значењето на оваа програма и му оддаде признание на курсот CADAC како извонреден, ефикасен и меѓународно признат инструмент кој промовира култура на превенција од ризици, намалување и ублажување на последиците од катастрофи во земјите во развој.

ФОТОГРАФИИ ОД CADAC АКТИВНОСТИ