Работен состанок на ИЗИИС и ЦУК

By in
Работен состанок на ИЗИИС и ЦУК

Работен состанок во Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС) при УКИМ.

Директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов со свои соработници денес имаше работен состанок со директорот на Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС) при УКИМ, Проф. Д-р Влатко Шешов и Вонреден Проф. Д-р Радмила Шалиќ. Состанокот беше во врска со новозапочнатиот проект “Comprehensive RISK assessment of basic services and transport Infrastructure – CRISIS (Сеопфатна процена на ризик на основните сервиси и транспортната инфраструктура), кој е финансиран од програмата за прекугранична соработка на Европската комисија, Генерален директорат за Цивилна заштита на Европа и операции за хуманитарна помош (DG ECHO).

Основната цел на проектот е подобрување на управувањето со катастрофи и кризни ситуации преку градење на усогласен и ефикасен систем за процена на ризик на основните услуги и транспортната инфраструктура во прекуграничен регион на Р.С. Македонија, Грција и Албанија.

Главен координатор на проектот е УКИМ-ИЗИИС со уште три сродни универзитети од Италија, Грција и Албанија, додека ЦУК ќе биде единствена институција која ќе координира со практичната примена на научно-истражувачките и други резултати од овој проект, што ќе преставува значителен предизвик во текот на неговата реализација.
Главните активности на проектот вклучуваат процена на ризици кои имаат прекугранични ефекти, размена на методологии, знаења и добри практики во процената на ризик, развој на прекугранична веб платформа за процена и управување со ризик, утврдување на заеднички потреби и др.

Времетраењето на активностите од овој проект изнесува 24 месеци.