Жална вест - Виолета Кујумџиева-Димчевска

By in
Жална вест - Виолета Кујумџиева-Димчевска

Виолета Кујумџиева-Димчевска беше дипломиран филолог по англиски јазик. Во ИЗИИС работеше како библиотекар од 1981 година се до нејзиното пензионирање во 2014 година.

Нека и е вечна слава.

Жална вест

By in
Жална вест

Почивај во мир, почитуван професоре.

Проф. д-р Владимир Михаилов е роден во 1939 година година во Белград. Дипломирал на Градежниот факултет во Скопје во 1963 година. Магистрирал во Институтот за земјотресно инженерство и сеизмологија (ИЗИИС) во Скопје во 1967 година, а докторирал на Природно-математичкиот факултет во Загреб во 1978 година, како прв доктор по сеизмологија во Македонија. Проф. Михаилов беше редовен професор и познат научник од областа на инженерската сеизмологија. Автор е на повеќе од 500 научни и стручни трудови, публикувани во земјава и во странство. Учествувал на голем број научни собири. Бил претседател на заедницата за сеизмологија на СФРЈ и член на претседателствата на повеќе интернационални асоцијации. Бил член и на Сенатот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Носител е на повеќе државни и научни признанија и награди.