Во организација на Центарот за развој на Пелагонискиот регион, во Битола се одржа предавање на темата „Справување и препораки во случај на елементарни непогоди од земјотреси, поплави и свлечишта“. Предавањето се одржа во рамките на проектот „Заедничка прекугранична соработка за заштита на населението од природни непогоди и катастрофи предизвикани од човечки фактор (Ј-CROSS)“, финансиран преку Програматата за прекугранична соработка Interreg – IPA CBC 2014-2020.