Земјотрес со магнитуда од 6.4 во Хрватска

By in
Земјотрес со магнитуда од 6.4 во Хрватска

Повторно во исклучително тешки услови на светска пандемија, регионот беше погоден од силен земјотрес со момент магнитуда од 6.4, кој се случи во Хрватска во близина на Петриње. Првичните податоци укажуваат на значителни материјални штети, но и човечки загуби. Во овој момент изразуваме длабоко сочувство на семејствата на загинатите и посакуваме брза и успешна спасувачка мисија за оние кои земјотресот ги остави под урнатините. Земјотресите не познаваат граници и народи. ИЗИИС ги става на располагање сите свои капацитети, но и апелира за помош и солидарност на сите релевантни институции, која е исклучително важна во ваквите катастрофи.