Проблемот што ја кочеше санацијата на локалитетот Орта Џамија, еден од најзначајните споменици на културата во Струмица е надминат. После четири години струмичкиот музеј конечно ја доби потребната согласнот од сопственикот на објектот. Исламската верска заедница даде дозвола за довршување на истражувањата. Ова значи дека веќе нема да има пречки и за подготовка на потребниот проект за целосно санирање на објектот на кој подолго време се видливи сериозни оштетувања. (Комплетната вест можете да ја прочитате на http://sitel.com.mk)