На 21-09-2018 г, во посета на ИЗИИС беше нејзината екселенција Амбасадорката на Јапонија во Македонија Keiko HANEDA. Во срдечен разговор беа потенцирани одличните релации кои ИЗИИС ги има со јапонските научно-истражувачки центри , како и континуираната поддршка која ИЗИИС ја добива уште од неговото основање, од далечната 1965 г. На состанок беше потенцирано дека постојат реални основи оваа соработка да се подобри , за што се заложија и Амбасадорката и Директорот на ИЗИИС.