Ден за кариерен развој

By in , , ,
Ден за кариерен развој

Во насока на унапредување на вештините и насочување на студентите во нивниот понатамошен кариерен развој, Центарот за кариера на УКИМ организира „Ден за кариерен развој“, што  ќе се одржи на 11.05.2023 со почеток од 12:00 до 16:00 часот на Техничкиот кампус на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (големиот паркинг кај ФЕИТ и Машински факултет).

На овој настан, компаниите имаат можност за остварување на директен контакт со студентите и презентирање на своите можности за вработување и практиканство за време и по завршување на студиите.

Програмата е надополнета со едукативни сесии што ќе донесат дополнителна вредност за студентите посетители. Фокусот е на теми кои имаат за цел да го олеснат процесот на преминување од академската во бизнис средината, како подготовка на професионално CV, избор на соодветна професија, создавање на мрежа на познанства…

На настанот, студентите ќе можат да креираат професионално CV со кое ќе можат веднаш да аплицираат на штандовите на компаниите.

Исто така, ќе биде овозможено и кариерно советување и насочување од страна на Асоцијацијата на кариерни советници.