Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија – ИЗИИС преку своите претставници учествуваше на дваесеттиот меѓународен симпозиум организиран од Друштвото на градежни конструктори на Македонија – ДГКМ.
Директорот на Институтот, проф. д-р Влатко Шешов ја имаше честа да се обрати на поздравниот говор на отворањето на симпозиумот. Значителниот број на пријавени трудови од страна на претставниците на ИЗИИС уште еднаш дадоа придонес во споделените научни достигнувања. Од особено значење се и признанијата и наградите кои беа доделени за најдобрите остварувања во градежното конструкторство во Република Северна Македонија, а припаднаа на дел од нашите колеги. Исто така претставниците од ИЗИИС имаа гордо својство на повикани предавачи, водачи на сесии и презентери.
Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија – ИЗИИС му честита на Друштвото на градежни конструктори на Македонија – ДГКМ за успешната организација на овогодинешниот симпозиум и поставениот висок стандард кој ќе треба да се следи и во иднина.