Почитувани колеги,
Ве информираме дека пријавувањето за упис на втор циклус студии (магистерски студии) за учебната 2025/26 година на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС) започнува на 1 октомври и ќе трае до 15 октомври 2025 година.
Потребни документи за пријавување
- Пријавен лист за запишување (Образец А1)
- Електронска пријава преку платформата: www.upisi.ukim.mk
- Оригинален документ за завршен прв циклус студии (диплома или уверение); за кандидати со завршено образование во странство – Решение за нострификација од МОН
- Куса биографија (CV)
- Потврда за активно познавање странски јазик
- Потврда за уплатена административна такса во износ од 50,00 денари (Образец ПП 50: Назив на примач – Трезорска сметка-Скопје, Банка: НБРСМ, Трансакциска сметка: 100-0000000-630-95, Уплатна сметка: 840-ХХХ-03161, Конто: 722313 00)
Дополнителни информации
Детали и конкурсот со сите програми и рокови се достапни на официјалните страници:
Во име на наставниот кадар на УКИМ-ИЗИИС, Ви посакуваме успешно пријавување и се радуваме на вашето идно академско ангажирање!
Поздрав