На покана на Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС), а во рамките на програмата ИЗИИС за СКОПЈЕ д-р Лауренциу Данчу од ETHZ (Швајцарски федерален институт за технологија – Цирих), одржа повикано предавање.
Како еден од водечките Европски имиња во областа на сеизмичкиот хазард и ризик и прв автор на новиот Европски модел на сеизмички хазард, д-р Данчу зборуваше за новиот развој и Европските напори во харомонизацијата на сеизмичкиот хазард и ризик, нивната важност и регионалната импликација на новите Европските модели. Д-р Данчу даде вовед и за можностите на новата и актуелна алатка Open Quake во анализите на сеизмичкиот хазард и ризик.
Во склоп на неговата посета на Институтот, се разговараше и за можностите за идната соработка во рамките на EFEHR (Европски капацитети за хазард и ризик од земјотреси), но и билатерално со Швајцарски федерален институт за технологија – Цирих во доменот на едукацијата и применетата наука.