Во рамките на денешната панел дискусија ,,Вложување во развој на науката” се доделија договорите за 44 лаборатории од јавен интерес, од кои во третата проектна линија „Поддршка за модернизација и развој на лабораториски ресурси (набавка на опрема)“, ИЗИИС беше еден од добитниците за проектот „Интегрирана мобилна лабораторија за теренски истражувања и процена на штети од земјотресни и други дејства (EQ-MOBI-LAB)“.