Отворен ден на УКИМ и Ден за кариерен развој

By in , , ,
Отворен ден на УКИМ и Ден за кариерен развој

На 12 април (петок), Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје организира два настани „Отворен ден на УКИМ“ и „Ден за кариерен развој“. 

И двата настани се организирани од Центарот за кариера на УКИМ и ќе се одржат на платото на УКИМ на кампусот на факултетите за општествени науки во перидот од 11.00 до 15.00 часот

Во рамките на овие настани ИЗИИС ќе се претстави на свој штанд.

Запознајте ги одблиску професорите и студентите, прашајте сѐ што ве интересира за студиските програми, можностите за стипендирање, слушнете ги искуствата на студентите, нивните активности и вклученост во научноистражувачките проекти. Дознајте ги можностите за меѓународна размена, за студентскиот живот, за практиканството, за кариерните можности.

Ве очекуваме на нашиот штанд бр.1!.