Одржана обука за процена на штети, на членовите на општинските комисии од општините Битола, Могила и Новаци

By in
Одржана обука за процена на штети, на членовите на општинските комисии од општините Битола, Могила и Новаци

Како општествено одговорна институција и согласно својата стратешка ориентација за намалување на ризиците од катастрофи и заштита на населението и материјалните добра, како и воспоставената соработка со општина Битола веднаш по серијата на случени земјотреси (09-12.01.2022г.), претставници на ИЗИИС одржаа за обука на членовите на општинските комисии за процена на штети, која се однесува на категоризација на оштетувањата и детална разработка на нивните описи, а согласно Методологијата за процена на штети и природни непогоди и други несреќи, (СВ на РСМ, бр. 181 од 05.08.2021г.).Обуката беше реализирана на 07.02.2022г. во просториите на општина Битола, со почитување на сите мерки за заштита од ковид-19 и на неа присуствуваа членовите на општинските комисии од општините Битола, Могила и Новаци.

Подетално кон веста >>