Редакцијата на реномираното списание за градежништво, архитектура и екологија – Порта 3, годишната награда од областа на градежништвото “Порта 3” за 2021 година ја додели на проф. д-р. Влатко Шешов, редовен професор и директор на Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија – ИЗИИС. Честитки до професорот Влатко Шешов и благодарност до редакцијата на Порта 3 за распознавањето на успехот на кадарот на Институтот.
Повеќе на: https://www.porta3.mk/poznati-dobitnicite-na-godishnata-nagrada-porta-3-za-2021/