Почитувани,
Ве информираме дека е донесено Упатство за дополнување на Упатството за реализација на Правилникот за условите, критериумите и правилата за запишување и студирање на трет циклус академски студии – докторски студии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Дополнувањето се однесува во делот: Годишна конференција, во член 14 се додаваат ставовите 3, 4, 5, 6 и 7, како и делот: Јавна одбрана, се додава нов член 28а – Учество на член на комисијата преку средства за електронска комуникација.
Упатството за дополнување на Упатството за дополнување на Упатството за реализација на Правилникот за условите, критериумите и правилата за запишување и студирање на трет циклус академски студии – докторски студии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и пречистен текст на Упатството се обајвени во Универзитетскиот гласник бр. 738 од 19 септември 2025 година (Упатството е во прилог на оваа е-меил порака).
Со почит,
Школа за докторски студии