На 27ми и 28ми октомври во Тирана, Албанија, тим од ИЗИИС учестуваше на завршната регионална конференција во рамките на проектот L2BR – “Learn to be resilient”, финансиран од Европската Унија, механизмот за цивилна заштита. Раководител на проектот е NALAS – мрежа на асоцијации на локална самоуправа во Југоисточна Европа. ИЗИИС е партнер во проектот заедно со уште 5 институции, како Градежниот факултет од Зaгреб, Хрватска, Општината на градот Тирана, Министерство за внатрешни работи на Црна Гора и др. На конференцијата беа претставени дел од резултатите и заклучоците изработени во рамките на овој проект. Главни цели на овој проект беа да се извлечат препораки во областа на превенцијата, спремноста и одговорот во услови на земјотрес и пандемија, анализирајќи ги ускуствата добиени од земјотресот во Загреб, 2020 и Драч, 2019 година.