Проф. Веи Ву, директор на Институтот за геотехничко инженерство на Универзитетот за природни ресурси и науки (BOKU), Виена, Австрија, вчера во нашиот Институт одржа презентација насловена како „Multiscale modeling of landslide and debris flow“. Тој оствари и неколку средби и состаноци со цел да се прошири меѓусебната соработка на повеќе истражувачки теми и воедно ги посети просториите на лабораториите на ИЗИИС.