Инфо - заверка и упис на семестар

By in , ,
Инфо - заверка и упис на семестар

Почитувани колеги,

Ве информираме дека заверката на летниот и уписот на зимскиот семестар ќе се врши до 31.10.2021 год.

Заверката ќе биде извршена само доколку се реализирани сите обврски дадени од предметните наставници и во индексот се собрани сите потписи. Комплет документите се оставаат во архивата на ИЗИИС.

Покрај индексот, студентот треба да приложи уредно пополнет семестрален лист. Доколку документите бидат донесени за запишување или заверка по објавениот рок, покрај индекс и семестрален лист, треба да се приложи и доказ за извршена уплата според следната Одлука: http://www.iziis.ukim.edu.mk/wp-content/uploads/edu/Odluka_cenovnik_na_uslugi_za_studenti.pdf

Со почит,

УКИМ-ИЗИИС