Динамички испитувања и информатика

Одделот за динамички испитувања и информатика е примарно ориентиран кон наука, образование, применета дејност и консултантски услуги во областа на динамиката и експерименталното испитување на конструкциите, проектирањето на системи за контрола и следење на конструкциите како и развој на оригинални софтверски пакети. 

Кадар

Проф. д-р
Александра Богдановиќ

раководител на оддел

+389-2-3107-762
saska@iziis.ukim.edu.mk

Проф. д-р
Зоран Ракиќевиќ


+389-2-3107-768
zoran_r@iziis.ukim.edu.mk


Дејан Филиповски

деи, стручен соработник

+389-2-3107-787
dejan@iziis.ukim.edu.mk


Игор Марковски

деи, стручен соработник

+389-2-3107-787
igorm@iziis.ukim.edu.mk


Мирослав Стаменковиќ

надв. технички соработник

+389-2-3107-789
miki@iziis.ukim.edu.mk


Виданчо Миланов

надв. технички соработник

+389-2-3107-789
vidan@iziis.ukim.edu.mk

Активности
  • Експериментални испитувања на сеизмичка вибро-платформа на физички модели на згради, историски објекти и инжинерски конструкции 
  • Експериментални испитувања на сеизмичка вибро-платформа на физички модели на конструкции со додадени различни типови на пасивни и семи-активни системи за дисипација на енергијата.  
  • Динамичко испитување на материјали, конструктивни елементи и врски. 
  • Статичко и квази-статичко циклично испитување на јазли, елементи и врски во реална големина за дефинирање на нивните механички карактеристики. 
  • Динамички и квази-статички циклични тестови на лежишта за базна изолација кај конструкциите изложени на земјотрес.
  • Експериментални испитувања на сеизмичка вибро-платформа, тестови за сеизмичка квалификација на механичка и електро-механичка опрема. 
  • Статички, динамички и тестови за потврда на функционалноста на различни типови на развојни дампери кај високо-напонски напојни линии 
  • Истражување, развој и практична примена на системите за управување со динамичкиот одговор и системите за пасивна дисипација на енергијата во конструкциите изложени на земјотрес, ветер и други динамички влијанија.
  • Истражување, развој и практична примена на системите за сеизмичка изолација и изолација од вибрации на конструкциите изложени на земјотрес и вибрации предизвикани од луѓе, разни технолошки процеси и сообраќај.
  • Истражувања и практична примена во следењето на мостовската мрежа, примена на систем за мониторирање на конструкциите во подолг временски период, како и на други инжинерски и индустриски објекти. 
  • Развој на апликативни софтвери 

  • Испитувања на лице место со метод на амбиент вибрации на објекти од високоградба, историски споменици, инженерски и специјални конструкции за дефинирање на динамичките карактеристики – сопствени фреквенции, тонови форми и коефициенти на пригушување.
  • Испитувања на лице место со метод на принудни вибрации на објекти од високоградба, историски споменици, инженерски и специјални конструкции за дефинирање на динамичките карактеристики – сопствени фреквенции, тонови форми, коефициенти на пригушување и интеракција тло-конструкција.
  • Следење и мерење на вибрации на опрема и машини во индустриски објекти и електрани, во мирни и во оперативни услови.  
  • Следење и мерење на вибрации кај мостовските конструкции во услови на сообраќај или друг тип на динамичка побуда во околината.
  • Следење и мерење на вибрации во конструкциите предизвикани  од човечки активности.
  • Изработка и развој на решенија за теренски и лабораториски мерења, базирани на софтверско-хардверската платформа на National Instruments (САД)
  • Сеизмички испитувања за квалификација на различни типови електро опрема, машинска опрема и неконструктивни елементи.
  • Развој на наменски апликации за пред и пост-процесирање на сигнали, базирани на развојниот пакет LabView на National Instruments во комбинација со соодветни алатки и модули.
  • Практична имплементација на Structural Vibration Solution Software – ARTeMIS

Фотографии од научно-истражувачки и апликативни проекти и активности