Ангела Попоска

Асист. м-р
Ангела Попоска


+398-2-3107-768
angela@iziis.ukim.edu.mk

М-р Ангела Попоска е асистент и докторанд во Институтoт за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Во моментов е член на одделот за динамички испитувања и информатика. Нејзина потесна област се експериментални испитувања на динамички и квази-статички одговори на конструкции, во лабораторија и на терен. Има дипломирано во 2014 година на Градежен факултет во Скопје при УКИМ, конструктивна насока, а образованието го продолжува на магистерски студии во ИЗИИС, во областа на земјотресното инженерство. Во рамките на магистерските студии успешно реализирала едно-семестрален меѓународен студентски престој на Универзитетот во Наполи, Федерико II во катедрата: „Инженерски и Архитектонски конструкции“, во рамките на Еразмус програмата. Во 2018 година магистрирала во областа земјотресно инженерство бранејќи ја својата теза со наслов „Анализа на ефектот на земјотресот и ветерот како динамички оптоварувања на конструкциите“. Истата година се запишува на докторски студии и како докторанд започнува да работи во полето на само-центрирачки челични конструкции со класични дијагонали и имплементација на системи за придушување кај истите. Како дел од докторските студии има реализирано истражување на Империал Колеџ Лондон во времетраење од 4 месеци, поддржано од British Scholarship Trust. Од 2016 година активно зема учество во апликативни проекти како што се определување на динамички карактеристики и сеизмички одговор на конструкции од високоградба, сеизмички квалификации на неконструктивни елементи и електрична опрема, недеструктивни испитувања и друго. Од 2019 зема учество и во повеќе научно-истражувачки меѓу кои позначајни се H2020 SERA проект (2017-2020, грант бр. 730900) и PARFORCE-KA226 – Partnerships for Digital Education Readiness и ERASMUS +, 2021 – 2023. Во текот на нејзината научна и професионална кариера има учествувано на повеќе меѓународни конференции и има реализирано неколку тренинг програми меѓу кои се Bauhaus Summer School во Вајмар, Германија 2017 година, обука за Еврокодови организирана од Европскиот истражувачки центар JRC во Испра, Италија 2021год и др. Како автор или ко-автор Ангела има публикувано повеќе од 20 научни трудови на национални и меѓународни конференции, како и повеќе од 20 стручни извештаи. Корисник е на повеќе стипендии меѓу кои стипендии за ослободување од школарина на додипломски и постдипломски студии, стипендија за телентирани студенти од Владата на Р.С.Македонија како и стипендија за престој на Империал Колеџ Лондон. Добитник е на наградата Voya Kondic Prize за најдобро реализирано истражување во Обединетото Кралство во рамките на British Scholarship Trust фондацијата за 2019та година. Член е на Македононската асоцијација за земјотресно инженерство (МАЕЕ) и Комората на овластени инженери и архитекти (КОАИ).