M-р Антонио Шокларовски е помлад истражувач при Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија, Универзитет св. Кирил и Методиј во Скопје. Додипломските студии ги завршува на Градежниот Факултет во Скопје, по што се запишува на после дипломски студии при Институтот за земјотресно инженерство. Успешно има остварено бројни меѓународни активности како Еразмус мобилност за студенти на Универзитетот Федерико Секондо во Неапол, Италија, летна школа на универзитетот Јосип Јурај Штросмајер во Осјек, Хрватска, летна школа на универзитет Баухаус во Вајмар, Германија, конференции од областа на земјотресното инженерство во неколку градови од Европа и тн. Како дел од Лабораторијата за динамички испитувања во ИЗИИС учествува во многу лабораториски и теренски експериментални активности. Техниките на испитување во кои бил вклучен и работи се испитување на сеизмички одговор на вибро-платформа, определување на динамичките карактеристики на конструкциите преку методата на амбиент или принудни вибрации, квазистатички испитувања и слично. Тој е активен член на Македонската асоцијација за земјотресно инженерство и Комората на овластени архитекти и овластени инженери на Република С. Македонија.