Никола Наумовски

Асист. д-р
Никола Наумовски


+398-2-3107-787
nikolan@iziis.ukim.edu.mk

Д-р Никола Наумовски (1975) дипомирал на Машинскиот факултет во Скопје, насока Заварување и заварени конструкции, во 2000 година. Во 2002, година се запишал на втор циклус на интернационални последипломски студии во Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС), со стипендија во рамките на програмата DAAD (Германска програма за академска размена). Магистрирал во 2012 година во областа на земјотресното инжинерство на тема “Можности за имплементација на дополонителен правец на движење на би-аксијална сеизмичка платформа”. На докторски студии се запишал во Школата на докторски студии на УКИМ, насока Земјотреесно инжинерство, во 2013 година. Докторската дисертација со наслов „Интегриран методолошки пристап за анализа на влијанието на вибрации од железнички сообраќај врз луѓето и објектите“ ја одбранил во 2021 година. Д-р Никола Наумовски е редовно вработен во Институтит за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во Одделот за динамички испитувања и информатика од 2003 година.
Од 2003 година активно учествува во повеќе научноистажувачки и апликативни проекти, од кои може да се истакнат: FP6 Prohitech, FP7 SERIES, FP7 UREDITEME, H2020 SERA, NATO SfP како и кратката мисија во рамките на COST C26 Action, Лаквила, Италија – Мерење на амбиент вибрации. Има остварено едномесечен студиски престој на Политехничкиот универзитетот во Краков, Полска. Поле на интерес на д-р Наумовски е експериментална механика, динамика на конструкции, вибрации во човековата средина. Тој е автор и ко-автор на голем број научни трудови објавени во зборници на трудови презентирани на национални и меѓународни конференции. Член е на Македонската асоцијација за земјотресно инженерство МАЕЕ.