Ризик, управување со катастрофи и стратешко планирање

Одделот за ризик, управување со катастрофи и стратешко планирање е примарно ориентиран кон наука, образование, применета дејност и консултантски услуги во домените на сеизмичкиот хазард, повредливост и ризик, како и областите на управување со катастрофи и итни ситуации, но и стратешки планирања во доменот на намалување на ризиците од катастрофи.  

Кадар

Вонр. проф. д-р
Марија Витанова

раководител на оддел

+389-2-3107-743
marijaj@iziis.ukim.edu.mk

Вонр. проф. д-р
Радмила Шалиќ Макреска

моментално: заменик директор

+389-2-3107-701
r_salic@iziis.ukim.edu.mk

Асист. м-р
Даниел Томиќ


+389-2-3107-793
danielt@iziis.ukim.edu.mk

м-р (докторанд)
Мирко Димитровски

надв. стручен соработник

+389-2-3107-792
mirkod@iziis.ukim.edu.mk

м-р (докторанд)
Јован Трајчевски

надв. стручен соработник

+389-2-3107-792
jovant@iziis.ukim.edu.mk

Активности
  • Анализи на сеизмичкиот хазард преку детални и/или регионални студии; мапирање и зонирање 
  • Напредни статистички методологии за дефинирање на потенцијалот на сеизмичките извори и атенуационите закономерности 
  • Анализи на сеизмичката повредливост на постојни и планирани објекти и типлогии на објекти; криви на повредливост  
  • Анализи на сеизмичкиот ризик на изградени и планирани објекти, типологии на објекти, урбанистички средини и национално ниво; мапирање и зонирање 
  • Анализи на социо-економските влијанија на катастрофите, проценка на штети и загуби 
  • Изработка на предлог стратегии и планови за намалување на ризикот од катастрофи и подобрување на подготвеноста  
  • Истражувања за ре-евалуација на постојните и изготвување на нови национални анекси на Еврокодовите во доменот на сеизмичкото зонирање  
  • Просторни и статистички анализи 

  • Детални и регионални студии на сеизмичкиот хазард, детерминистичка и веројатносна оцена; мапирање и зонирање 
  • Студии за сеизмичка повредливост на објекти и типологии на објекти 
  • Детални и регионални студии на сеизмичкиот ризик, веројатносна и сценарио-базирана оцена; мапирање и зонирање 
  • Препораки за урбанистичко и просторно планирање 
  • Дефинирање на протоколи и мерки за успешно управување со кризи и итни ситуации во случај на земјотрес 
  • Oдредување на повредливоста и дијагностика на конструкциите со користење на недеструктивни техники и методи 
  • ГИС анализи и просторни мапирања

Фотографии од научно-истражувачки и апликативни проекти и активности