Јован Трајчевски

м-р (докторанд)
Јован Трајчевски

надв. стручен соработник

+398-2-3107-792
jovant@iziis.ukim.edu.mk

М-р Јован Трајчевски е надв. стручен соработник во Институтит за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Во моментов дел од Одделот за ризик, управување со катастрофи и стратешко планирање. Магистерските студии при институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија ги започнува во 2013 година со целосна стипендија од инстутутот. Од самиот почеток на студиите станува и надворешен соработник на ИЗИИС, со што е вклучен во низа на научни и апликативни проекти. Во текот на студиите учествува во размена на студенти во склоп на програмата ЕРАЗМУС, при што успешно поминува еден семестар на факултетот Федерико Секонодо во Неапол, Италија. Во 2018 година магистрира на тема од областа на сеизмичката повредливост на конструкциите. Во 2019 година започнува докторски студии при ИЗИИС на тема сеизмички ризик и сеизмичка повредливост. Во текот на својата кариера учествува во повеќе научни и апликативни проекти како и во неколку мисии за определување на сигурноста на објекти оштетени од земјотреси. Член е на Македононската асоцијација за земјотресно инженерство (МАЕЕ) и Комората на овластени инженери и архитекти (КОАИ).