М-р Мирко Димитровски, дипл. град. инж. е докторанд на Институтит за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје на насоката Земјотресно Инженерство, со потесна област на истражување е сеизмичкиот хазард. Од 2013г. работи како надворешен стручен соработник на Институтит за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија, од 2013-2018 на Одделот за конструкции на згради и материјали и од 2018-2021г на оделот за ризик, управување со катастрофи и стратешко планирање. Од 2013г зазема активно учество во повеќе научно-истражувачки и апликативни проекти од кои како поважни може да се издвојат INFRA-NAT (783298) – UCPM-2017-PP-AG – Increased Resilience of Critical Infrastructure to Natural and Human-Induced Hazards, Експериментално определување на динамичките карактеристики на црквата “Свети Ѓорѓи” во Курбиново, Експериментално дефинирање на динамичките карактеристики на црквата “Свети Ѓорѓи” во Старо Нагоричани, Концептуализација и формирање на интегрална хармонизирана база на акцелерограми регистрирани во периодот 1975-2016 на аналогната (SMA-1) и дигиталната (GURALP CMG-5TD/TC) УКИМ-ИЗИИС мрежи за регитрација на силни земјотреси, Fast Methodology for Estimation of Resonant Condition Potential, Case Study: Novo Lisiche Settlement in Skopje, Проектант соработник при проектирање на клиничкиот центар “Мајка тереза” Скопје, Надградба на информационен систем на Општина Карпош со нови атрибути за евидентирање и следење на сеизмичката стабилност и сигурност на постојните објекти на територијата на Општина Карпош ГИС околина, Извештај IZIIS 2013-47, Истражувач-соработник, Мерење на амбиент вибрации на Саат кула на Џамијата Султан Мурат во Скопје и.т.н. Во текот на својата кариера учествува во неколку мисии за определување на сигурноста на објекти оштетени од земјотреси (Скопје 2016г.; Охрид 2017г.) и поплави (Скопје 2016г.). За време на својата научна и профеционална кариера учествува во тренинг програмата на German Research Centre for Geosciences (GFZ) Потсдам, Германија (2019). Има публикувано повеќе научни трудови на национални и меѓународни конференции. Член е на Македононската асоцијација за земјотресно инженерство (МАЕЕ) и Комората на овластени инженери и архитекти (КОАИ).