58 години од Скопскиот земјотрес

By in ,
58 години од Скопскиот земјотрес

Идејата за формирање на Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС) започна токму со Скопскиот земјоторес кој се случи на денешен ден пред точно 58 години.

Катастрофалниот земјотрес кој го погоди Скопје во 1963 г., ја наметна силната потреба за формирање на национална институција со мандат во делот на образование, обука и истражување од областа на земјотресното инженерство и инженерската сеизмологија. Прв кој ја распозна ваквата потреба беше Ernest Weissmann (Помошник директор на Бирото за социјални работи, одговорен на Бирото за домување, градење и планирање, гранка на Секторот за економски и социјални работи на Секретаријатот на Обединетите нации), кој со телеграма се обратил до седиштето на Обединетите Нации во средината на август 1963 г., препорачувајќи “… One aid for reconstruction Skopje University for current enrolment of 12,000 students involving study tour for planning team and aid by UNESCO UN and other agencies for reorganization of departments and establishment of specialized institutes particularly seismology earthquake engineering and urban planning in seismic zones ….”. Оваа негова препорака била подоцна силно поддржана од UNESCO мисијата на Ambraseys, Zatopek and Sorsky на 8 септември 1963.

Интернационалниот консултативен одбор (ICB) на неговиот прв состанок (Скопје, 26-31 март 1964) ја подржа идејата за формирање на ваков Институт. Согласно на тоа, Универзитетот Св. Кирил и Методиј од Скопје формира Иницијативен совет одговорен за дефинирање на целите и идните активности на Институтот и неговото формирање во рамките на Универзитетот. Програмата вклучувала: (1) организирање на научни истражувања во областа на инженерската сеизмологија, земјотресното инженерство и сродните области; (2) организирање на постдипломски студии за степен магистер на технички науки од областа на земјотресното инженерство и инженерска сеизмологија; (3) воспоставување меѓународна соработка насочена кон размена на знаења и искуства; и (4) обезбедување стручна помош во санацијата и реконструкција на погоденото Скопје.

Конечно, Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (првично Институт за oпшта и инженерска сеизмологија) е формиран во рамките на Универзитетот во Скопје, денешен Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје на 27 мај 1965 година. До ден денешен, после 56 години од неговоро основање преставува национален и регионален лидер во областа на земјотресното инженерство и инженерската сеизмологија, како и светски позната и призната институција од областа.

http://www.iziis.ukim.edu.mk/mk/nagradi/