Лабораториски испитувања со виртуелно присуство за прв пат по основањето на ИЗИИС во 1965 година
in ,

Лабораториски испитувања со виртуелно присуство за прв пат по основањето на ИЗИИС во 1965 година

По успешно реализираниот проект INMASPOL(INfills and MASonry Structures by Deformable POLyurethanes in Seismic Areas)во рамките на истражувачкиот проектSERA (Seismology and Earthquake Engineering Research Infrastructure Alliance for Europe), соработката помеѓу Техничкиот/Технолошкиот Универзитет во Краков – ТУК и Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија – ИЗИИС во Скопје продолжи понатаму.

Целта на преземените активности, односно дополнителните испитувања на моделот од проектот INMASPOL, по барање на ТУК беше да се продолжи со докажување на ефикасноста на иновативниот метод за сеизмичка заштита на конструкции. Овој пат, преку испитувања на модел од армирано бетонски елементи со исполна од ѕидарија во вистински размер со помош на методот на принудни вибрации. Со тоа што испитуваниот модел беше тргнат на страна од вибро платформата, ризикот беше значително намален и се создаде можност за негово тестирање и предизвикување на сериозни оштетувања. Заклучно со последните тестови, конструкцијата беше целосно уништена со оглед на тоа дека сите јазли ја изгубија својата носивост и конструкцијата се однесуваше како механизам. Исто така и кај преградните ѕидови, по губењето на носивоста на носивоста на композитните материјали, блок тулите поединечно независно се поместуваа една од друга.

За прв пат по формирањето на Институтот во 1965 година, а заради глобалната Ковид 19 криза, експерименталните активности успешно беа одржани преку виртуелно присуство на сите корисници. Виртуелното присуство беше овозможено преку три камери со висока резолуција и посебен линк за комуникација од софтверските алатки Тимс и Стрим на Микрософт Офис 365.

Во периодот што следи ќе се вршат детални анализи на резултатите од сеизмичките тестови на вибро платформа како и од испитувањата со помош не методот на принудни вибрации, со надеж за понатамошна плодна научна соработка.

Силен земјотрес во Турција и Грција
in ,

Силен земјотрес во Турција и Грција

Во исклучително тешки услови на светска пандемија, денеска Турција и Грција беа погодени од силен земјотрес, кој според иницијалните проценки е оценет со момент магнитуда 7. Првичните податоци укажуваат на…

Прелиминарна листа на кандидати кои не се примени на студиската програма по земјотресно инженерство
in

Прелиминарна листа на кандидати кои не се примени на студиската програма по земјотресно инженерство

Прелиминарна листа на кандидати кои не се примени на студиската програма по земјотресно инженерство согласно Конкурсот за запишување студенти на трет циклус – докторски студии на студиските програми на Универзитетот „Св.…

Експериментални активности во рамките на проектот SERA - INMASPOL
in

Експериментални активности во рамките на проектот SERA - INMASPOL

Институтот за земјотресно инженерска сеизмологија во Скопје, како дел од SERA (Seismology and Earthquake Engineering Research Infrastructure Alliance for Europe) учествуваше во три научно истражувачки проекти (INMASPOL, SC-CBF and Influence of the floor-to-wall interaction on the seismic response of coupled wall systems) како истражувачки центар преку искористување на неговите капацитети и лабораториска опрема од одделот за Динамички испитувања и информатика.

Главна цел на INMASPOL (INfills and MASonry structures by deformable POLyurethanes in seismic areas) проектот e да се оцени ефикасноста на иновативен метод за сеизмичка заштита на конструкции преку испитувања на модел од армирано бетонски елементи со исполна од ѕидарија во вистински размер на вибро платформа. Сеизмичките тестови го покажаа реалното однесување на ѕидовите при сеизмички влијанија, во правец и нормално на рамнината на дејството на побудата, кога тие се модифицирани со полимерни врски помеѓу армирано бетонските елементи и ѕидовите како и кога истите се зајакнати со композитни материјали. Проектот е успешно реализиран, а со тоа прибрани се вредни информации околу однесувањето на овој тип на системи.

Испитуваниот модел претставува една симетрична три-димензионална АБ рамка со 4 столбови, 4 греди, плоча и 4 ѕидови од блок тули, димензионирана во склад со актуелните Еврокодови. Конструкцијата е со димензии од 2.7х2.7m и висина од 3.25m. Беа генерирани серија на побуди во вид на временски истории на забрзување, и тоа за определување на динамичките карактеристики како и за определување на сеизмичкиот одговор на примерокот. Првите беа определени со симулација на случајни и хармониски побуди, додека сеизмичкиот одговор на моделот беше дефиниран користејќи го модифицираниот временски запис од земјотресот во Кефалонија. 

Тимот од одделот за Динамички испитувања и информатика искажува јавна благодарност до сите кои придонеасоа за реализација на овој проект. Беше задоволство да се соработува со доц. д-р Theodoros Rousakis од Democritus University of Thrace како лидер на проектот како и со останатите корисници проф. д-р Alper Ilki од Istanbul Technical University, Turkey, проф. д-р Arkadiusz Kwiecień од Cracow University of Technology (CUT), Poland, вон. проф. д-р Alberto Viskovic и доц. д-р Fabio Rizzo од G. D’Annunzio University of Chieti – Pescara, Italy, Miha Kramar од Slovenian National Building and Civil Engineering Institute, Ljubljana, Slovenia, доц. д-р. Bahman Ghiassi од University of Nottingham, UK, University Park Nottingham, UK, проф. д-р Andrea Benedetti и доц. д-р Camilla Colla од Alma Mater Studiorum-Universita’ di Bologna, Italy, Maciej Karpała од SIKA Poland Sp. z.o.o., Cracow, Poland, Kothalis Agis од KEBE SA, Head offices-Factory Nea Santa, Kilkis, Bogusław Zając од FlexAndRobust Systems Ltd, Cracow, Poland и доц. д-р Matija Gams од University of Ljubljana (UL), Slovenia.

Овој проект е поддржан со средства од програмата за истражување и развој Хоризонт 2020 на Европската Унија, договор за грант број 730900.

Пречистен текст на конкурсот за зпишување на студенти на трет циклус на студии
in

Пречистен текст на конкурсот за зпишување на студенти на трет циклус на студии

Ве информираме дека Пречистен текст на Конкурсот за запишување студенти на трет циклус – докторски студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во учебната 2020/2021…

Како да се заштитиме од земјотресите, треба ли да се плашиме од појаки земјотреси и кои делови во регионот се сеизмички активни - Aljazeera
in ,

Како да се заштитиме од земјотресите, треба ли да се плашиме од појаки земјотреси и кои делови во регионот се сеизмички активни - Aljazeera

На темата „Како да се заштитиме од земјотресите, треба ли да се плашиме од појаки земјотреси и кои делови во регионот се сеизмички активни“ за Aljazeera Balkans зборуваа сеизмологот Томислав…