Силен земјотрес во Турција и Грција

By in ,
Силен земјотрес во Турција и Грција

Во исклучително тешки услови на светска пандемија, денеска Турција и Грција беа погодени од силен земјотрес, кој според иницијалните проценки е оценет со момент магнитуда 7. Првичните податоци укажуваат на постоење на човечки, но и значителни материјални штети. Во овој момент изразуваме длабоко сочувство на семејствата на загинатите и посакуваме брза и успешна спасувачка мисија за оние кои земјотресот ги остави под урнатините. Земјотресите не познаваат граници и народи. ИЗИИС ги става на располагање сите свои капацитети, но и апелира за помош и солидарност на сите релевантни институции, која е исклучително важна во ваквите катастрофи.