ERASMUS+ конкѕрс 2025/2026 (летен семестар)

By in , ,
ERASMUS+ конкѕрс 2025/2026 (летен семестар)

Почитувани студенти,

Aпликациите треба да се достават во 3 примероци (еден за студентот, еден за Еразмус+ координаторот и еден за Универзитетот) до ИЗИИС најдоцна до 3 октомври 2025 г. за студентските мобилности за студирање, а за студентските мобилности за пракса/стажирање најдоцна до 21 ноември 2025 година. Една апликација треба да ги содржи следниве документи:

  • пополнет формулар за пријавување (Student Application Form);
  • уверение за положени испити на македонски јазик;
  • уверение/диплома за познавање на англиски јазик или јазикот на кој се изведува наставата на ЕУ-универзитетот, издадена  од признат центар/школа за странски јазици;
  • уверение за редовен студент – запишан семестар/година (на македонски јазик);
  • кратка биографија (Europass model);
  • мотивациско писмо;

Задолжително:

за студентска мобилност за студирање:

  • договор за студирање (Learning Agreement for studies), во кој се утврдува програмата за студирање, потпишана и одобрена од страна на студентот, матичниот факултет/Еразмус+ координаторот и  факултетот во странство (минимум 20 ЕКТС- максимум 30ЕКТС)

за студентска мобилност за пракса/стажирање:

  • договор за пракса/стажирање (Learning Аgreement for Traineeship)
  • покана (Invitation Letter) од институцијата/организацијата/компанија/претпријатие) во која ќе се одвива праксата/стажирањето

Дополнителни информации поврзани со ERASMUS+ можете да најдете на страницата на УКИМ.