На 23 мај 2023г. на кампусот на Меѓународниот Балкански универзитет во Скопје се одржа работилница на која беше претставен проектот Партнерство за виртуелни лаборатории во студиските програми по градежништво – PARforCE (2021-2023) од ЕРАСМУС + програмата за стратешки партнерства. Основната цел на проектот е развој на заедничка платформа за виртуелни лабораториски експерименти како поддршка на високото образование од областа на градежништвото во Европа. Фокусот е да различни лабораториски експерименти, кои не се дел од стандардното образование на градежните факултети и се реализираат во специфични лаборатории, станат виртуелно достапни на сегашните и идните генерации на студенти по градежништво.
Проектот го претставија проф. д-р Роберта Апостолска, координатор на проектот од ИЗИИС и М-р Филип Манојловски, исто така од ИЗИИС. На работилницата зедоа учество повеќе од 20 наставници и студенти од студиските програми по градежништво и архитектура на МБУ кои имаа единствена можност виртуелно да следат експерименти реализирани во Лабораторија за динамички испитувања и информатика на ИЗИИС, Лабораторијата за отпорност на пожари на Универзитетот во Авеиро и тунелот за испитување на отпорност на ветер на Рур Универзитетот во Бохум.
За повеќе детали околу проектот посетете ја Bauhaus-Universität Weimar: Strategic Partnerships (ERASMUS+) (uni-weimar.de).