Работен состанок со Министерот за Транспорт и врски, г-дин Благоја Бочварски

By in
Работен состанок со Министерот за Транспорт и врски, г-дин Благоја Бочварски

Нa 15 септември 2020 г. се одржа работен состанок помеѓу Министерот за транспорт и врски во Владата на Република С. Македонија, г-дин Благоја Бочварски и директорот на ИЗИИС, проф. Д-р Влатко Шешов. Во конструктивна атмосфера беше потенцирана потреба од уште подлабока соработка помеѓу овие два важни чинители во градежништвото во нашата држава за квалиетен напредок во напорите за градење на европско одржливо општество за сите.

ИЗИИС ќе продолжи со својата мисија во подршка на напорите на Министерството за подобрување на процесите за издавања на одобренија за градење, за што доби отворена благодарност за издавање на мислењата за проектиран и за изведен степен на механичка отпорност, стабилност и сеизмичка заштита на градбите, како единствен субјект со добиен мандат од страна на Министерство за транспорт и врски.