На ден 26 јули 2018 г., по повод 55 годишнината од Скопскиот земјотрес делегација од Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (УКИМ-ИЗИИС) предводена од директорот проф. д-р Влатко Шешов ќе положи свежо цвеќе на Споменикот на жртвите на градските гробошта во Бутел. Истиот ден ќе се одржи и отворена свечена седница на Институтската управа во спомен на катастрофалниот земјотрес и изразување на почит кон изгубените животи.