ERASMUS+ курс за усовршување

By in , ,
ERASMUS+ курс за усовршување

Почитувани колеги докторанди,

Во рамки на проектот Partnership for Virtual Laboratories in Civil Engineering (PARFORCE) ERASMUS+, КА 2, во периодот од 6-10 март, 2023г. ќе се одржи курс за усовршување под наслов, Advanced Training Course in Applied and Computational Mathematics in Engineering Application на Универзитетот во Авеиро, Португалија, наменет за докторанди на полето на градежништво, (вклучително и земјотресно инженерство), математика и други сродни полиња, (флаерот ќе биде споделен во најкус можен рок).

На располагање се 4 места, а стипендијата ги покрива патните трошоци и трошоците за сместување во Авеиро.

Истиот курс ќе се одвива и online по распоред кој ќе биде дополнително објавен.

Пријавите и прашањата се доставуваат на email адреса, beti@iziis.ukim.edu.mk, најдоцна до 10 февруари, 2023г.

Поздрав

Роберта Апостолска,

Координатор на проектот од ИЗИИС

Линк до курсот одржан во 2022г.

Bauhaus-Universität Weimar: PhD – Course 2022: Aveiro, Portugal (uni-weimar.de)