НИП - УКИМ

By in ,
НИП - УКИМ

Согласно предвидените активности во рамките на Конкурсот за доделување средства за финансирање на научноистражувачки проекти за 2021/2022 година, објавен од Универзитет “Св. Кирил и Методиј” Скопје реализирани се серија на експериментални истражувања проследени со пропратни подготовки. Имено, извршени се квази статички испитувања на два тест-елементи, армирано бетонски столбови во нивна природна големина и состојба, а потоа во состојба на санирани оштетувања со помош на полиуретани. Така, добиена е претстава за ефикасноста на предложениот метод на санација преку користење на полиуретани, а добиени се и детални информации во однос на одговорот на тест-елементот преку вградените инструменти за следење на промената на состојбата. Резултатите претставуваат основа за понатамошни нумерички анализи на градби каде предложениот метод би имал можност за потенцијална примена.