Геотехника и специјални конструкции

Одделот за геотехника и специјални конструкции е примарно ориентиран кон наука, образование, применета дејност и консултантски услуги во областа на геотехничкото земјотресно инженерство и проектирањето на специјални конструкции. 

Кадар

Вонр. проф. д-р
Јулијана Бојаџиева

раководител на оддел

+389-2-3107-714
jule@iziis.ukim.edu.mk

Проф. д-р
Влатко Шешов


+389-2-3107-763
vlatko@iziis.ukim.edu.mk

Активности
  • Научно базиран пристап за оцена на потенцијал на појава на ликвифакција 
  • Реална симулација на почвени материјали во ламинарен контејнер 
  • Развивање на нумерички модели за анализа на стабилност на градежни јами од статички и динамички товари, оцена на ризикот од свлечишта, анализа на водозаситено тло и различни проблеми од областа на геотехничкото- земјотресно инженерство 
  • Нумеричка симулација на мултифазно тло со сопствени софтвери
  • Статичка и динамичка анализа на почвени примероци на триаксиален апарат 
  • Одредување на јакосно деформабилни модули на почвените примероци на апарат за дирекнто смолкнување 

  • Дефинирање на сеизмички параметри за локации предвидени за изградба на објекти од прва категорија 
  • Одредување на сеизмичкиот потенцијал на локации предвидени за изградба на објекти од важност 
  • Лабораториски истражувања на материјални криви од специфични локации 
  • Геофизички и Георадар мерења на локации од особена важност 
  • Ревизија на елаборати за геотехнички истражни работи 
  • Проектирање и ревизија на поважни градби од геотехничкото-земјотресно инженерство 
  • Анализа и решение на проблеми поврзани со конструктивна консолидација на објекти 

Фотографии од научно-истражувачки и апликативни проекти и активности