Јулијана Бојаџиева

Вонр. проф. д-р
Јулијана Бојаџиева

раководител на оддел

+398-2-3107-714
jule@iziis.ukim.edu.mk

Др. Јулијана Бојаџиева е вонреден професор во ИЗИИС од 2020 година а работи во истиот уште од 2007 година. Магистерски (2009) и Докторски студии (2015) има завршено во истиот Институт а поседува и Специјалистичка Диплома за менаџмент на геолошки хазарди и ризици од Универзитетот во Женева, Швајцарија (2008). Во периодот од 2019-2020 има остварен постдокторски истражувачки престој во рамките на Фулбрајт програмата на Универзитетот Лонг Бич, во Калифорнија, САД. Нејзината експертиза е насочена кон земјотресно геотехничко инженерство, динамика на почви, експериментално истражување на гео модели на елемент тестови и вибро платформа, зонирање на сеизмички геотехнички хазарди, ликвифакција, ГИС како и сеизмичко однесување на конструкции. За време во периодот од 2008-2018 има остварено неколку интернационални престои на Универзитетот Лавал, Квбек, Канада, (2010-2011), Рур Универзитетот во Бохум, Германија (2008) и LNEC во Лисабон, Португалија (2011). Има значителен број на трудови публикувани во журнали и интернационални конференции и има учествувано во неколку интернационални истражувачки проекти (програма NSF, H2020, COST, FP7). Во моментов е претставник на ИЗИИС во Комисијата за процена на штети од елементарни непогоди тела при Владата на РСМ. Од 2021 е претставник на ДГМ – Друштвото за геотехника на Македонија во Интернационалниот конзорциум за свлечишта (ICL).