M-р. Тони Китановски е ассистент во ИЗИИС од 2019 година а работи во истиот уште од 2013 година. Магистерските студии ги завршува во Институтот во 2018 година во сколопот на одделот за Геотехника и специјални конструкции под менторство на проф. д-р Влатко Шешов. Во сколопот на студиите поминува еден сместар на универзитетот во Неапол, “Федерико Секондо” на смерот за конструктивно инжинерство. Дополнително во 2018 учествува на летната школа во Вајмар, Германија, насока “forecast engineering” смер геотехнички инжинерство, во 2020 на “International training course on Seismology and Seismic Hazard Assessment” во склоп на GFZ German Research Center for Geosciences, како и во 2021 на “Eurocodes Balkan Summer School” под подкровителство на “European Commission – Joint research centre”. Главно работи во полето на експериментални истражувања на ликвифакција на почва и одредување на почвени динамички карактеристики, како и нумеричко моделирање на геотехнички проблеми, одредување на локални почвени услови со евалуација на сеизмички динамички параметри за локацијата. Инволвиран е во поголем број на апликативни проекти, консултантски услуги во полето на дизајнирање, дијагостика, санација и зајакнување на сеизмички отпорни геотехнички објекти. Моментално е претседател на младите члени во Македонската Асоцијацијата на Геотехничари.