Дејан Ивановски


Дејан Ивановски

дги, надв. стручен соработник

+389-2-3107-765
ivanovski@iziis.ukim.edu.mk

Дејан Ивановски (1991) дипломирал на Градежниот факултет во Скопје, конструктивна насока во 2015 година. Во учебната 2015/2016 се запишала на втор циклус на интернационалните постдипломски студии на Институтот за Земјотресно Инженерство и Инженерска Сеизмологија (ИЗИИС). Во текот на студиите бил на 5 месечна размена на студенти од „ЕРАЗМУС+“ програмата, во Неапол Италија, на универзитетот „Federico II“. Има пријавено магистерска теза со наслов: „Компаративна анализа и димензионирање на потпорни конструкции според досегашна пракса и Еврокодови“.
Пошироко поле на интерес опфаќа земјотресно инженерство, геотехничко инженерство, анализа на конструкции од областа на геотехниката и високоградбата, одредување на локални почвени услови со евалуација на сеизмички динамички параметри за локацијата, експериментални геотехнички испитувања и останато.
Дејан Ивановски е стручен соработник и млад истражувач во ИЗИИС од 2015 година, вклучен во поголем број на апликативни проекти, дијагностика, санација и зајакнување на сеизмички отпорни конструкции, како и во комисии и работни групи при изработка на Мислења за проектиран и изведен степен за механичка отпорност, стабилност и сеизмичка заштита на градбите во Република С. Македонија.
Исто така, бил активен учесник со свои трудови во неколку научни конференции и симпозиуми. Член е во Друштвото за геотехника на Македонија (ДГМ) и Комора на овластени архитекти и инженери (КОАИ).