Природни и технолошки хазарди и екологија

Одделот за природни и технолошки хазарди и екологија е примарно ориентиран кон наука, образование, применета дејност и консултантски услуги во домените на природните и технолошки хазарди, инженерската сеизмологија, геофизиката и екологијата. 

Кадар

Вонр. проф. д-р
Марта Стојмановска

раководител на оддел

+389-2-3107-775
marta@iziis.ukim.edu.mk

Проф. д-р
Драги Дојчиновски


+389-2-3107-771
dragi@iziis.ukim.edu.mk

м-р (докторанд)
Ирена Ѓорѓеска

надв. стручен соработник

+389-2-3107-783
gj_irena@iziis.ukim.edu.mk


Владимир Ковилоски

дми, надв. стручен соработник

+389-2-3107-759
vladimir@iziis.ukim.edu.mk


Ѓорѓи Јовановски

технички соработник

+389-2-3107-789
gjoko@iziis.ukim.edu.mk


Димитар Блажески

надв. технички соработник

+389-2-3107-759
dime@iziis.ukim.edu.mk

Активности
  • Регионални и локални сеизмотектонски истражувања 
  • Усвојување на нови методи за оценка сеизмички хазард и сеизмички ризик 
  • Моделирање на извори на сеизмичка активност и атенуациони завиосности 
  • Избор на соодветни временски истории за динамичка анализа на конструкциите и генерирање на вештачки акцелерограми 
  • Истражувања со цел за подобрување на техничката регулатива, стандардите и прописите за асеизмичко проектирање на конструкции 
  • Истражувања на методите и протоколите за минирање со цел заштита на околината 
  • Развој на интегриран пристап за примена на различни геофизички методи при карактеризација на тло 
  • Оптимизација на параметри за аквизиција и процесирање при геофизички истражувања со примена на MASW (Multichannel Analysis of Surface Waves Method) со цел генерирање на дисперзивни криви со голема резолуција 
  • 3D геофизичко и геолошко моделирање на седиментарни басени со примена на различни геофизички методи како што се: сеизмичка рефракција, сеизмичка рефлексија, активни и пасивни методи на површински бранови (MASW, REMI, HVSR, SPAC, frequency-wavenumber method), во комбинација со геолошки податоци. 
  • Дефинирање на методологии за управување со цврст отпад и градски смет, испитување на можноста за рециклирање или депонирање 

  • Дефинирање и ре-евалуација на проектни сеизмички параметри и смалување на сеизмичкиот ризик
  • Сеизмички хазард и сеизмичко зонирање
  • Проектирање и одржување на мрежи на инструменти за регистрација на силни движења и телеметриски системи на инструменти за сеизмички мониторинг (free field, брани, мостови, згради и специјални објекти и др.), анализа и процесирање на податоци 
  • Сеизмичко микрореонирање. Мапирање на предоминантни периоди на тло со регистрација на микротремори и  примена на H/V Nakamura техниката. 
  • Геофизички истражувања со цел карактеризација на тло. Сеизмогеолошко моделирање на тлото, дефинирање на локален сеизмотектонски склоп на теренот, дефинирање на пукнатински зони и каверни, дефинирање на ниво на подземна вода, карактеризација на свлечишта, каменоломи, рудници и брани. 
  • Примена на 2D и 3D сеизмички и GPR методи за карактеризација на тло
  • Истражување и дефинирање на параметри за проектирање и изведба на подземни објекти (тунели и сл) со примена на геофизички методи 
  • Експлозии – мерења, контрола, интерпретација и проектирање на ефекти на минирање за различна намена 
  • Подготвеност и намалување на последиците од природни непогоди во образовниот систем (едукација и обука) 
  • Истражување на потенцијал на загадување од емисии и имисии на гасови од фабриките и препораки за нивно намалување 

Фотографии од научно-истражувачки и апликативни проекти и активности