Марина Попоска

Асист. м-р
Марина Попоска


+398-2-3107-753
marina@iziis.ukim.edu.mk

М-р Марина Попоска дипломирала во 2015 година, конструктивна насока на Градежниот факултет во Скопје. Во учебната 2015/2016 се запишала на интернационалните постдипломски студии на Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС). Магистрирала во 2019 година во област на земјотресното инженерство со потесна област во изборот на временски истории за нелинеарна динамичка анализа. Aсистент e во одделот за Природни и технолшки хазарди и екологија во Институтит за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Нејзиното активно поле на истражување вклучува обработка и анализа на записи од силни земјотреси, дефинирање на сеизмички параметри, избор на временски истории за нелинеарна динамичка анализа, имплементација на BIM методологија во анализа на конструкции. За време на нејзината научна и профеционална кариера учествува во неколку тренинг програми и студиски престои: Неапол, Италија (2017), Вајмар, Германија (2018), Иаши, Романија (2019), Сплит, Хрватска – онлајн (2020), GFZ-Потсдам, Германија – онлајн (2020). Како автор и/или коавтор, таа има објавено голем број трудови во зборници од домашни и меѓународни конференции, симпозиуми, семинари и работилници. Член е на Македононската асоцијација за земјотресно инженерство (МАЕЕ) и Комората на овластени инженери и архитекти (КОАИ). Во моментов е преставник на ИЗИИС во Технички комитет ИСРМ ТК 45 – Информациско моделирање на градби (BIM).