Марта Стојмановска

Вонр. проф. д-р
Марта Стојмановска

раководител на оддел

+398-2-3107-775
marta@iziis.ukim.edu.mk

Д-р Марта Стојмановска е вонреден професор во Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, раководител на одделот за „Природен и технолошки хазард и екологија“. Предава четири предмети во рамките на магистерските и докторските студии: Инженерска сеизмологија, Основи на земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија, Сеизмички хазард, ризик и повредливост и Надежност на конструкции. Нејзина потесна област на истражување вклучува обработка и анализа на регистрации од силни земјотреси, дефинирање на сеизмички проектни параметри, сеизмички мониторинг. Докторската дисертација ја завршува во 2015 г.во рамки на DAAD/SEEFORM програмата. Од 2003 г. активно учествува во повеќе научно-истражувачки и апликативни проекти од кои како поважни можат да се истакнат NATO SfP 977231 “Seismic Assessment and Rehabilitation of Existing Buildings”, и Slovenian-Macedonian Project “Experimental and Numerical Research of Racking Strength of Massive Wooden Wall Panels”, како и повеќе апликативни и билатерални проекти и COST акции. Дел е и од Европските DG-ECHO проекти како L2BR-Learn to be Resilient (2021-2022). Во текот на нејзината професионална кариера реализирала учество на бројни курсеви, работилници, и студиски престои во Istanbul Technical University, Turkey (2004), UL FGG, Ljubljana, Slovenia (2006), MPA Stuttgart, Germany 2009. Автор е на повеќе научни трудови на национални и меѓународни конференции, и стручни извештаи. Добитник е на наградата за особени достигнувања во градежното конструкторство доделена од Друштвото на градежни конструктори на Македонија (ДГКМ) во 2015.Член е на Македонската асоцијација за земјотресно инженерство (МАЕЕ), Комората на овластени архитекти и инженери (КОАИ) и Македонската асоцијација на високи брани.