Ирена Ѓорѓеска

м-р (докторанд)
Ирена Ѓорѓеска

надв. стручен соработник

+398-2-3107-783
gj_irena@iziis.ukim.edu.mk

М-р Ирена Ѓорѓеска е геофизичар истражувач и докторанд на студиите по земјотресно инженерство на Институт за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Дипломирала на Природно-математички факултет, Скопје, Институт за физика, смер геофизика во 2007г., а истата година се запишала на втор циклус на интернационалните постдипломски студии на Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Нејзините истражувања се фокусирани на 2Д и 3Д моделирање на градбата на теренот со примена на интегриран пристап на различни геофизички методи, поле во кое во 2014г. ја завршува својата магистерска теза со наслов: “Примена на методи на површински бранови за карактеризација на тло”. Истражувањата во ова поле ги продолжува на трет циклус студии а моментално како докторанд ја подготвува својата докторска дисертација со наслов: “3Д сеизмо-геолошко моделирање на Скопскиот седиментарен басен”. Во моментов е одговорна за геофизичките истражувања во ИЗИИС, при што главни активности и се истражувања со примена на различни геофизички методи со цел карактеризација на тло, сеизмо-геолошко и сеизмо-тектонско моделирање на градбата на теренот, како и развој и унапредување на нови геофизички техники. Од 2007 г. активно учествува во голем број проекти во земјата и надвор како што се: NATO SpS-984374-Improvements of Harmonized Seismic Hazard Maps for the Western Balkan Countries , проектот Assessment of Seismic Hazard and Risk for the Emirate of Abu Dhabi (2010-2013, Одговорен за геофизички истражувања), Geophysical Surveys of Nish – Plochnik Motorway, in R. Serbia – 2020 (одговорен за геофизички истражувања), Geophysical Surveys – seismic reflection measurements at the location of Brestanica, Slovenia 2011, Seismic Microzonation of Prishtina, Ulpiana Settlement, etc. Учествува во повеќе тренинг програми и студиски престои (Peter Bormann Young Seismologist Training Course (YSTC) – Array Seismology – ESC 36th GA, 2018, Malta, GFZ German Research Centre for Geosciences: International Training Course on „Seismology, Seismic Data Analysis, Hazard Assessment and Risk Mitigation“, Istanbul, Turkey 2010, TIDES Advanced training School “Time-Dependent Seismology: Earthquakes, Volcanoes, Glaciers, Landslides, Reservoirs, etc”., Prague, 2018, “Using Ambient Vibration Array Techniques for Site Characterization and Seismic Microzonation” (training courses), NERIES project Istanbul, Turkey. Има публикувано над 20 трудови на национални и меѓународни конференции и подготвено повеќе од 150 стручни извештаи. Добитник е на награди и признанија на конференции за најдобра презентација, најдобар труд. Член е на Македонската асоцијација за земјотресно инженерство (МАЕЕ) и Македонско друштво за геотехника.