Експериментални активности. Метод на амбиент вибрации
in ,

Експериментални активности. Метод на амбиент вибрации

Динамичките карактеристики на постојните градби, особено на старите ѕидани конструкции претставуваат значаен параметар при почетокот на секоја подетална анализа на носивоста на истата. Практичните искуства покажуваат дека со методата на амбиент вибрации може брзо и едноставно, на експериментален начин да се определат динамичките карактеристики без притоа да се наруши нормалното функционирање на објектот. 

Во текот на месец октомври и ноември 2021 во рамките на апликативните дејности на Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија беа извршени мерења на амбиенталните вибрации на реални градби со цел да се одредат основните динамички карактеристики. Oвој пат, предмет на истражување беа црквата св. Никита на падините на Скопска Црна Гора и црквата св. Атанасиј во Прилеп. Со понатамошната обработка на резултатите ќе се определат сопствените фреквенции односно периоди на вибрации како и тоновите форми кои ќе послужат за потребите на анализите на носивост на конструкциите на градбите и валидирање на аналитичкиот модел од конечни елементи. 

Поддршка за модернизација и развој на лабораториски ресурси (набавка на опрема)
in , ,

Поддршка за модернизација и развој на лабораториски ресурси (набавка на опрема)

Во рамките на денешната панел дискусија ,,Вложување во развој на науката” се доделија договорите за 44 лаборатории од јавен интерес, од кои во третата проектна линија „Поддршка за модернизација и…

Лабораториски испитувања со виртуелно присуство за прв пат по основањето на ИЗИИС во 1965 година
in ,

Лабораториски испитувања со виртуелно присуство за прв пат по основањето на ИЗИИС во 1965 година

По успешно реализираниот проект INMASPOL(INfills and MASonry Structures by Deformable POLyurethanes in Seismic Areas)во рамките на истражувачкиот проектSERA (Seismology and Earthquake Engineering Research Infrastructure Alliance for Europe), соработката помеѓу Техничкиот/Технолошкиот Универзитет во Краков – ТУК и Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија – ИЗИИС во Скопје продолжи понатаму.

Целта на преземените активности, односно дополнителните испитувања на моделот од проектот INMASPOL, по барање на ТУК беше да се продолжи со докажување на ефикасноста на иновативниот метод за сеизмичка заштита на конструкции. Овој пат, преку испитувања на модел од армирано бетонски елементи со исполна од ѕидарија во вистински размер со помош на методот на принудни вибрации. Со тоа што испитуваниот модел беше тргнат на страна од вибро платформата, ризикот беше значително намален и се создаде можност за негово тестирање и предизвикување на сериозни оштетувања. Заклучно со последните тестови, конструкцијата беше целосно уништена со оглед на тоа дека сите јазли ја изгубија својата носивост и конструкцијата се однесуваше како механизам. Исто така и кај преградните ѕидови, по губењето на носивоста на носивоста на композитните материјали, блок тулите поединечно независно се поместуваа една од друга.

За прв пат по формирањето на Институтот во 1965 година, а заради глобалната Ковид 19 криза, експерименталните активности успешно беа одржани преку виртуелно присуство на сите корисници. Виртуелното присуство беше овозможено преку три камери со висока резолуција и посебен линк за комуникација од софтверските алатки Тимс и Стрим на Микрософт Офис 365.

Во периодот што следи ќе се вршат детални анализи на резултатите од сеизмичките тестови на вибро платформа како и од испитувањата со помош не методот на принудни вибрации, со надеж за понатамошна плодна научна соработка.