57 години од скопскиот земјотрес

By in
57 години од скопскиот земјотрес

На денешен ден, пред точно 57 години, се случи еден од најразорните земјотреси во поновата историја во регионот. Градот Скопје со неговата околина беше сериозно погоден, при што животот го загубија 1.070 граѓани, повеќе од 3.300 беа повредени и околу 200.000 останаа привремено или трајно вез своите домови. Големата економска штета во која градот изгуби 84% од својата административна вредност, ја чинеше тогашна Југославија 15% од БНП за 1962 г. Благодарение на Југословенската, но и меѓународната помош координирана преку Обединетите нации, овој земјотрес го направија Скопје да стане симбол на светската солидарност, во која учествуваа 78 земји од светот.

Градот Скопје низ историјата бележи неколку катастрофални земјотреси, од кои поткрепени со историски документи покрај земјотресот од 1963 година, се земјотресите од 518 и 1555 година. Активните тектонски процеси во регионот укажуваат на постоење на историски, но и веројатност од идни сеизмички настани. Оттаму, напорите на општеството треба да бидат насочени кон зајакнување и континуирано унапредување на капацитетите за подготвеност, одговор, обнова и ублажување. ИЗИИС од своето формирање во 1965 година па се до денес, е активен чинител во градбата и развојот на сеизмички сигурно оштество.

Во сеќавање на жртвите од земјотресот во 1963 г., делегација од ИЗИИС, денеска положи свежо цвеќе на споменикот во градските гробишта во Бутел. Вечна им слава.