Посета на Факултетот за градежништво, архитектура и геодезија при универзитетот во Сплит, Хрватска

By in
Посета на Факултетот за градежништво, архитектура и геодезија при универзитетот во Сплит, Хрватска

На 9 и 10 Април 2019 год. директорот на Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија УКИМ-ИЗИИС проф. д-р. Влатко Шешов и раководителот на Лабораторијата за динамички испитувања проф. д-р. Лидија Крстевска остварија работна посета на Факултетот за градежништво, архитектура и геодезија на Универзитетот во Сплит, Република Хрватска. Во пријателска атмосфера и конструктивна професионална дискусија со колегите и деканот проф. д-р. Никша Јајац, беа разгледани можностите за проширување на научно-техничката и едукативната соработка, а беше потпишан и Меморандуми за меѓусебна соработка.