На 11 Април 2019 год. директорот на Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија УКИМ-ИЗИИС проф. д-р. Влатко Шешов и раководителот на Лабораторијата за динамички испитувања проф. д-р. Лидија Крстевска остварија работна посета на Градежниот факултет на Универзитетот во Мостар, Босна и Херцеговина. Во пријателска атмосфера и конструктивна професионална дискусија со колегите и деканот проф. д-р. Маја Прскало беа разгледани можностите за интензивирање и проширување на научно-техничката и едукативната соработка, а за таа цел беше потпишан и Меморандум за меѓусебна соработка.