Земјотресите, поплавите и лизгањето на земјиштата се предизвици за кои е најдобро да се подготвиме пред да се случат. Затоа, денеска во Битола се одржа работилница, на која гости од Дирекцијата за заштита и спасување, Здружението за спасување на вода и планина „Македонски спасител“ Велес, како и од Градежниот факултет при Универзитетот во Загреб, ги презентираа предизвиците во справувањето со природните непогоди, како и предлозите за подобра подготвеност во иднина.Работилницата е завршен настан во рамки на проектот Интегративно зајакнување на свесноста за сеизмичките ризици (ИСРА), на која покрај ИКС и Institute of Earthquake Engineering and Engineering Seismology – IZIIS, учествуваа и партнерите од Аристотел универзитетот од Солун, Грција; Fondazione Eucentre од Павиа, Италија; Политехнички универзитет од Тирана, Албанија. #ProtectYourselfAndOthers